На натпреварот на Microsoft Inovative Teachers

На 10 декември во хотелот Александар Палас во Скопје се одржа првиот државен натпревар на иновативни наставници. Натпреваро го организираше Мајкрософт со поддршка на УСАИД и ПЕП.
Нашето училиште учествуваше со проектот „Европа – места кои треба да се посетат“. Проектот го подготвија наставниците Ѓорѓина Димова, Александра Балкански и Лазар Зафиров заедно со учениците: Симона Миладинова, Ана Марија Бајатовска, Соња Лазова, Ангела Стефановиќ и Павлинка Ристова.
Најпрво тимовите пополнуваа апликација со која се одлучуваше кој ќе учестува на натпреварот. Од 40 апликации кои пристигнале во Мајкрософт, 30 ги задоволувале критериумите, а со тоа и нашиот проект.
На натпреварот присустуваа и Генералниот менаџер на Мајкрософт за Македонија Илијанчо Гаговски и Министерот за образование и наука Никола Тодоровски.
Иако не добивме награда, натпреварот беше извонредно искуство за нашите ученици.

Напишете коментар