Myлти-културен календар 2010
Заврши etwinning проектот Мулти-културен календар 2010. Во рамки на овој проект се изработи календар за 2010 година со цртежите на нашите ученици. Секоја земја учесничка требаше да избере по три цртежи кои беа поставени на блогот
Multicultural calendar2010. Потоа училиштата гласаа и се одбраа по еден цртеж кој ќе се појави во календарот. Наш беше месецот јуни под мотото комуникации. Нашата изрека беше „ Подобра комуникација за подобро разбирање“. Од нашето училиште цртежи имаа Дарија Јосифова, Стефан Ристовски и Ивона Николовска. Најмногу бодови освои цртежот на Ивона Николовска. Во продолжение ќе ги видите цртежите и календарот.
- Ivona Nikolovska 12 years old
- DarijaJosifovska 11 years old
- Stefan Ristovski 11 years old


